Влатко Стефановски е на турнеја насловена како „Балканска треска“. Утре (четврток, 31 јануари) настапува во Лондон, а концертот во Скопје е најавен за крајот на годинава.
Неговата турнеја продолжува на Фламенко Фестивал во Амстердам и во Лондон, каде утре (31 јануари) е закажан концерт во Барбикан Центарот со Лондонскиот симфониски оркестар.
Претходно Стефановски имаше успешни оркестарски концерти во Љубљана и Марибор со гудачкиот оркестар на Словенечката Филхармонија.
Потоа следуваше настапот во Монако, со филхармонијата на Монте Карло на 6-ти овој месец, каде свиреше заедно со своите стари соработници, Мирослав Тадиќ и Теодосии Спасов.
Со оркестрите диригира Кристјан Јарви, еден од најбараните европски диригенти во моментов. На 11 и 12 јануари Стефановски настапи и во Лајпциг и Вајмар со Симфонискиот Оркестар на МДР Лајпциг .