Old School Cafe слави 5 години постоење

Денес (сабота, 20 април) Old School Cafe го слави својот 5-ти роденден. Собиралиштe на сите искрени љубители на добрата музика, доброто расположение и дружбите кои не се забораваат. Од Олд Скул порачуваат:

– Дојде денот кога треба да се пофалиме со нашиот успех, успех да постоиш цели 5 години на ова парче земја промовирајки исклучиво Rock&Roll.
Горди сме на себе, на зидовите на кои им дадовме душа, на сите бендови кои ги создадовме и најмногу на вас, нашите гости. Редно е заедно да го прославиме нашиот заеднички успех со голема целодневна журка која како и сите родендени до сега ќе ја памтите долго.

Одиме по ред:

Од 12:00часот на менито за сабота имаме несекојдневно отварање на летната тераса. Покрај лудите попусти на коктелите кои ви се веќе добро познати ви нудиме разладување со точено Лашко пиво. Специјално само пред ваши очи Марко вети дека ќе ја црта терасата со спрејови, Марко те сакаме!

Од 20:30 часот Со гордост и посебна почит ве каниме на предпремиера на Диви Пци, филм во режија на младиот и ултра талентиран режисер Стефан Палитов. Поголемиот дел од ова прекрасно парче приказна е снимено во нашиот и ваш кафич со одлична екипа од двесетина млади професионалци и студенти од областа на филмот, музиката и театарот. Филмот ќе биде емитуван два пати во текот на вечерта.

Од 21:30 часот па се до крајот на вечерта ви приготвивме куп изненадувања. Живи свирки од сите жанрови, дел со лудо караоке, сите дами кои ги пратите во понеделниците, D&B, Вук и Бетмен и секако многу пиење.

Кога сме кај пиењето… Доколку одберете да славите со Лашко, Коњак, Водка, Секс на плажа или Cuba Libre, тогаш првата пијачка ја зимате на шанк и истата е на наша сметка.

Се гледаме!

You May Also Like