Литературниот фестивал „Ракатки“ денес во Прилеп

Денеска (сабота, 20 април), со почеток во 18:00 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ за прв пат во Прилеп, а инаку по деветти пак во нашата земја, ќе се одржи Детскиот литературен фестивал „Ракатки“.

Настапуваат над 30 млади литерати од повеќе градови од државава. Поетските и прозните творби, со кои ќе се претстават учесниците, беа претходно избрани за најдобри на традиционланиот конкурс кој го распишува Фестивалскиот одбор. Претседател на одборот е поетесата и писателка Славка Арсова.

Учесниците на фестивалот и нивните ментори, после настапот в сабота, в недела ќе имаат прошетка, дружба со прилепските писатели и запознавање со дел од знаменитостите на Прилеп.

Како и секоја година, се испечати и алманах со творбите кои учествуваат на фестивалот. Сите кои се заинтересирани за овој настан поканети се на фестивалот и утре (недела, 21 април), каде покрај детска литература ќе има и музички точки од прилепските ученици.

Добредојдени се сите љубители на литературата, а влезот ќе е слободен.

You May Also Like