Изложба на Бојда и Симеонов во МКЦ

Во галеријата МКЦ, денеска (17 мај, сабота), со почеток од 20:00 ќе биде отворена изложбата на ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов. Делата ќе бидат изложени 30 дена.

bojda_simeonov_mkc

 

Менсур Бојда е роден во Брод-Гора, 1986 година. Завршил во Средното Училиште за Применета Уметност во Скопје, а потоа на Академијата за Ликовни Уметности во Белград, прво во класата на Велизар Крстиќ, а потоа кај Слободан Роксандиќ на сликарскиот отсек. Досега има седум самостојни изложби. Учесник е на повеќебројни групни изложби во земјата и надвор. Добитник е на наградата Константин Мазев за сликарство на мал формат 2013. Одговорен е за изработка на насловните страници на Македонскиот стрип Фацизам.

На изложбата во МКЦ Менсур изложува седум слики, кои што гледајќи ги како целина, претставуваат еден циклус кој ни ги прикажува интимните размислувања на авторот кои за своја проблематика ги толкуваат доблестите и мааните на самиот човек во денешницата решавани како ликовни проблеми.

Владимир Симеонов, роден во Кочани 1985 година, завршува Средно Уметничко Училиште и Факултет за Ликовни Уметности во Скопје. До сега има реализирано тринаесет самостојни изложби, вклучувајќи ја и оваа. Во 2011 година добитник е на наградата “Петар Мазев” од Друштвото на ликовни уметници во Македонија (ДЛУМ).

Поттикнат од наградената слика од ДЛУМ, дел од “Мозаичарите од Стоби”, Симеонов продолжува да работи на оваа серија и прави уште седум нови слики, шест со формат од 170х120 цм и една со формат од 120х100 цм, кои ги прикажува на оваа изложба. “Мозаичарите од Стоби”, “Прошетка низ Стоби” и “Паунот од Стоби” се трите серии, слични една на друга, кои Симеонов ги работи во последниве 4 до 5 години.

You May Also Like