Скопскиот џез фестивал во соработка со софтверската компанија за развивање мобилни апликации Codewell ја лансираше мобилната апликација за годинешното издание на OFFest.
Апликацијата содржи распоред на концертите, податоци за учесниците, информации за продажба на билетите, контакт информации, како и архива на претходните изданија. Апликацијата OFFest 2014 е достапна на Google Play и App Store и истата може да се преземе на следните линкови: Google Play и App Store.