Поезијата на Маџиров објавена на арапски јазик

Поезијата на Никола Маџиров објавена и на арапски јазик, во еминентно арапско списание …

nikola madzirov

Поезијата на Никола Маџиров се објави на арапски јазик во списанието „Ал Араби Ал Аџед“. Како што соопшти авторот, избор од единаесет негови песни се проширија низ арапскиот свет преку објавата во еден од најчитаните независни арапски магазини кој според написите во другите медиуми, го има променето пристапот кон уметноста и новинарството во арапскиот свет.

Поезијата на Никола Маџиров се објави и на грузиски во списанието на Асоцијацијата на писатели во Грузија, а е во печат за објава во превод на исландски и летонски јазик во Исланд и Летонија.

You May Also Like