Македонската гордост МИЗАР и словенечките легенди LAIBACH на една сцена! „Македонска стрелба“ vs “Neue Sloweniscche Kunts”. На 17-ти ноември не очекува голем спектакл, покрај концертот на Laibach, истата вечер и домашна подршка од страна на македонската гордост, групата Мизар.
Она што во 80-те години на минатиот век значеше почеток на демократизацијата на СФРЈ,Мизар во Македонија и Лајбах во Словенија,со своите проекти “Македонска стрелба” и “Neue Sloweniscche Kunst”,до ден денес останаа гордост на бунтот на младите и прогресивни љуѓе.
Картите за големиот спектакл, кој ќе се одржи на 17-ти ноември на Скопски саем,веќе се во продажба по цена од 500 денари на сите продажни места на www.mktickets.mk
МИЗАР-кратка биографија
МИЗАР е македонска рок група настаната во 1983тата година во Скопје, пионири на дарквејв звукот на балканските простори. Првичната идеја и концепција на групата настана уште во 1981ва, а првиот успех под името МИЗАР се постигна во 1987ма година, каде по гласовите на публиката, заедно со КУД Идијоти победуваат на Младински Фестивал во Суботица. Концертното видео од песната “Градот е нем”, е дел и од компилацијата “Omladina 87 -najbolji uživo”. Во текот на деведесетите, не постојат како бенд, се до 2003та кога повторно се составуваат и го најавуваат новиот албум со првиот сингл “Почесна стрелба”. Таа година настапија на ЕГЗИТ и во загребската Мочвара. 2004 година излегува албумот “Кобна убавина”, кој наредната година концертно е промовиран ширум екс-ју просторите.
По овој албум, објавен е и албумот “Поглед кон цветната градина”, кон крајот на 2007 година, а во 2010та албумот “Детето и белото море” беше промовиран заедно со машкиот хор Хармосини, кој изведува византиска духовна музика.Групата е именувана по ѕвездата МИЗАР од соѕвездието Голема Мечка, која на патниците им била ѕвезда водилка. Иако Мизар се категоризира во делот на рок музиката, низ нивниот звук се провлекуваат призвуци на балканско етно и византиска традиција во доста мрачна атмосфера поткрепена со хорската изведба.
Дискографија
* 1988 – Mizar
* 1991 – Svjat Dreams
* 2003 – Svjedodzba + Svjat Dreams
* 2004 – Terrible Beauty (is born) (Kobna ubavina)
* 2007 – A View to the Flower Garden (Pogled kon cvetnata gradina)
* 2010 – The Child and the White Sea (Deteto i beloto more)