Утре (четврток, 8 ноември 2012) во 10:00 часот во објектот Чифте амам, ќе се одржи промоцијата на книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“ во издание на „Матица македонска“. Книгата ќе биде промовирана од страна на министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Министерката Канческа-Милевска во рамките на промоцијата, на две здруженија на занаетчии ќе им ги врачи одлуките за привремено користење на две простории во чаршијата.