Steel Temple со промоција на DVD издание

Викендов (сабота, 10 ноември) во Кинотека на Македонија со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи промоција на ДВД од последниот концерт на хеви-метал групата Steel Temple одржан на 2 јуни, 2012 година.

Постер од концертот за кој се издава DVD-то
Постер од концертот за кој се издава DVD-то

Истото содржи 14 песни, во времетраење од 80 минути. Steel Temple постојат од 2000-тата, и зад себе имаат еден издаден албум (2004) и еден снимен (2007). Во јули 2006-та беа предгрупа на „Whitesnake“ на концертот во Скопје. Минатово лето го издадоа синглот „Life is Easy.“

ДВД промоцијата ќе биде со проекција на концертот, проследена со коктел. Изданието служи како промо материјал на бендот, и нема да биде за продажба.

Следниот ден, (недела, 11 ноември), ќе биде светската промоција на интернет, и ќе биде поставен за free download.

Концертот е сниман со 3 камери, аудио материјалот измиксан од страна на Дарко Блуз, видео материјалот едитиран од Златко Стровјановски Мендо (Demency).

You May Also Like