Вчера (среда, 12 декември) во 64 година по кратко боледување почина Петар Димоски – Жмарата, актер во пензија од театарот ,,Војдан Чернодрински“.
Погребот се изврши денеска на старите градски гробишта.
______________________________________
Петар Димоски остави длабоки траги не само во матичниот театар, Прилепскиот, туку и во Драмскиот театар, Струмичкиот, Штипскиот. Забележителен придонес дал и во Македонската телевизија.
Полни 34 години беше на сцената на театарот како актер, но и како режисер. Во театарот се вработил во март 1978 година. Првата улога му била АРНАУТИНОТ во Антица, во режија на Благоја Дамески. Последната улогата на Максимилијан Топаловиќ во „Маратонците го трчаат почесниот круг“, во режија на Кирил Петрески.
Уште од 60 -те години, по завршувањето на гимназијата, сакал да биде дел од театарската магија. Затоа се запишал на студиите по театарска режија. Но потребите на театарот биле за актери, така започнал неговиот творечки пат како актер и сцената му станала 34 години дом. Замина во пензија годинава.