Министерката за културa Канческа-Милевска, на денешниот прес информираше дека во мај оваа година (2013 година) ќе се отвори новиот објект на Македонскиот народен театар. Министерката нагласи дека незавршеното партерно уредување, лошите временски услови, непоставеноста на дел од оранментиката се причините зашто, новата зграда на Театарот иако беше најавена за денес, ќе се отвори крајот на мај.
– Иако почетокот на работата на новиот театар го најавивме за 27 март, Светскиот ден на театарот, сепак со жалење ќе кажам дека работата се одложи за два месеци. Компанијата Конструктор инжинеринг не ги испочитува роковите за завршување на партерното уредување, па поради тоа моравме да го раскинеме договорот со нив и да распишеме нов тендер за избор на нова компанија која ќе го заврши партерното уредување. Тоа, потоа лошите временски услови, дел од тешката орнаментика која се уште не е поставена, дел од мебелот кој се уште недостасува во администрацијата се причини поради кои работата е одложена. Но, се чекаше 68 години се надевам не се проблем уште два месеци, изјави Канческа-Милевска.
Според нејзините зборови, најважно нешто е квалитетното завршување на работата и почитување на законската регулатива. Новиот театар е поделен во три дела, адиминистративен, сценско технолошки како и голема и мала сала со фоаје.
При примо предавањето на објектот ќе има промоција на музејска поставка, документарен филм за процесот на изградба на театарот, како и перформанс од претставата „Вечна куќа“ од Јордан Плевнеш, која премиерно ќе биде изведена на први септември во овој нов театар. Театарот се простира на 7300 кватратни метри има 4 влеза, 2 галерии, мала и голема сала, фоаје. Техниката и опремата се според најновите светски стандарди од познати светски фирми.
– Значајно е што овој театар ќе биде музеј сам по себе. Македонија доби објект од огромна историска, археолошка, архитектонска и уметничка вредност. Станува збор за доста сложен објект како по оранментика, така по опрема, архитектура, уметност, додаде Министерката.
Во рамките на Музејската постановка ќе бидат изложени повеќе компатибилни збирки кои ќе зборуваат за историјата на македонскиот театар. Според театрологот Јелена Лужина овој објект е најсоодветен каде што може да биде поставена првата Музејска театролошка збирка. Македонија за првпат ќе добие поставка од овој тип.
– Оваа поставка претставува репрезентативна музејска збирка која ја раскажува 100 годишнината од првата одиграна театарска претстава. Во нашата музејска поставка ги меморираме сите 100 години на постоењето на театарскиот интегритет, со посебен осврт на последните 70 години. Ќе бидат опфатени артефакти, документи на сите пет етажи на Музејот каде што всушност ќе се раскажуваат емотивни театарски приказни. Имено ќе покажеме дека театарот не е тиква без корен на овие наши простори, рече Лужина.