Од денес на локалните радио станици ќе имате можност да ја чуете новата песна на младата и талентирана Мартина Блажеска и Леа …
Песната е на англиски јазик и се вика Race (Don’t Let It Go to Waste), или Трка (Не дозволувај да пропадне). Песната е снимена во студиото MarryPhat на Ивица Јанкуловски – Штраф. Во неа се појавуваат Мартина и Леа како целосни автори, а аранжманот е изработен заедно со Стефан Стојчев (бас гитара) и Благоја Антовски (тапани).
Мартина Блажеска има 18 години и е родена и живее во Охрид. Со свирење гитара има започнато на 14-годишна возраст, а нашата јавност ја знае од нејзините акустични преработки на познати нумери, со кои таа стана локална интернет сензација. Во моментов, таа ја завршува својата последна година во средното музичко училиште во Струга, по што оваа есен ќе продолжи на студии нa Berkley College of Music во Бостон. Освен тоа што свири гитара, таа пее и свири пијано а исто така компонира и авторска музика.
Леана Таќи, позната како Леа, во последнава година беше дел од повеќе соработки во различни состави. Македонската јавност ја знае од песните Не заборавај, Иста патека и Сон – продукт на нејзината соработка со Eye Cue, од соработката со Лева патика, со Дарко Стојчев, неодамнешниот настап на Златна бубамара на популарноста со бендот The Hounds и песната Да дишеме слободно, а во моментов е актуелна со последната соработка со Beta House и песната Емили, присутна на повеќето домашни топ листи.