Прилеп домаќин на хoрот од Вааламскиот манастир од Русија

Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир беше формиран со благослов на игуменот на Валаамскиот манастир епископот Троицки Панкратиј во 2005 година, а со цел да го придружува рускиот Патријарх во свечените богослуженија на островот Валаам кои беа поврзани со крајот на реставрирањето и големото осветување на главната Валаамска светиња – Спасопреображенската соборна црква.

 

ruski hor_valaamski_manastir

Утре ( четврток 23 октомври) во 19:30 часот во големата сала на Центарот за култура „марко цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на хорот на Валаамскиот манастир од Русија, кој ќе се претстави со староруски црковни песнопенија, најпопуларни руски романси и песни.

Концертот е во соработка со Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Министерството за култура на Р.Македонија, а спонзориран од фирмата ,,Микросам,,.

Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир беше формиран со благослов на игуменот на Валаамскиот манастир епископот Троицки Панкратиј во 2005 година, а со цел да го придружува рускиот Патријарх во свечените богослуженија на островот Валаам кои беа поврзани со крајот на реставрирањето и големото осветување на главната Валаамска светиња – Спасопреображенската соборна црква.

Во состав на хорот влегоа професионални музичари од Санкт Петербург, дипломци на Санктпетербуршката хорска школа во Државната академска капела „М.И.Глинка“ и Санктпетербуршкиот државен конзерваториум „Н.А.Римски – Корсаков“, дипломирани диригенти и пејачи. Меѓу нив има заслужни уметници на Република Карелија – Михаил Круглов (бас-профундо), Дмитриј Попов (контр-тенор), добитници на меѓународни награди и заслужни уметници на Русија – Александр Бордак (тенор), Борис Петров (баритон). Постојаните соработници на хорот се Заслужниот уметник на Русија солистот на Санктпетербуршката капела Владимир Милер (бас-профундо), солистот на Бољшој театар Станислав Мостовој (тенор), солистот на Мариинскиот театар Владимир Целебровскиј (баритон).

Диригентот на хорот Алексеј Жуков е лауреат на меѓународен конкурс (роден е во 1969 година), дипломец на Санктпетербуршката хорска школа во Државната академска капела „М.И.Глинка“ и Академија на култура, кој ја започна својата дејност како црковен диригент во 1989 година; во август 2008 година му беше доделена почесна повелба на митрополитот Санктпетербуршки и Ладошки Владимир „За посветена работа во слава на Светата Црква“.

Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир е уникатен творечки колектив кој ги спојува богослужбеното пеење и световната концертна дејност. Хорот учествува во сите богослуженија кои ги одржува на Валаам Рускиот Патријах, ги придружува свечените приеми за високи гости на островот. За време на летните поклонски сезони учесниците на хорот им помагаат на браќата во манастирот за време на свечени богослуженија, настапуваат со добротворни концерти, запознавајќи ги многубројните гости на манастирот со традициите на Валаамското црковно пеење.
Во јануари 2007 година се одржа првиот јавен настап на Свечениот машки хор на Валаамскиот манастир во текот на свечениот собир на Стопанска комора на Русија. Во мај 2008 година хорот настапи со соло концерт во базиликата „Св.Никола“ во градот Бари (Италија). Во 2009-2013 година хорот настапи со соло концерти во Архангелск, Краснојарск, Саратов, Тамбов, Велики Новгород, Петрозаводск, Москва, Нижни Новгород, а во 2012-2013 година одржа 4 концерти во големата сала на Филхармонија на Санкт Петербург во рамките на меѓународниот фестивал „Академија на православна музика“.
Првиот добротворен концерт на хорот од отворен карактер беше одржан во Исаакиевската соборна црква во Санкт Петербург на 10.01.2013 каде беа присутни околу 6000 слушатели.

You May Also Like