На Меѓународниот ден за заштита на аудиовизуелното наследство, 27 октомври, Кинотеката на Македонија ќе ја промовира ДВД едицијата со седум дигитално реставрирани филмови од режисерот Столе Попов.
Дигитално реставрирани се четири долгометражни играни и три документарни филмoви. Реставрацијата се одвивала во текот на минатата година во Љубљана од експерти и професионалци, надгледувани од претставнции од Кинотека и професорот Апостол Трпевски.
За добивање квалитетен краен производ најпрво било направено стабилизирање на сликата, изедначување на светлото, потоа се автоматско, па рачно чистење на сликата и уште една корекција на светлото и контрастот, а откако сето тоа ќе заврши повторно се враќале на рачна реставрација.
Реставрацијата се вршела во Унгарската филмска лабораторија, каде пред 16 години беше извршена аналогна реставрација на филмскиот опус на браќата Манаки.