Ски патеки на Водно

Вкупно четири ски патеки ќе се градат на Водно, од кои најдолгата ќе биде 2 километри. Останатите три ќе бидат долги 700, 600 и 150 метри. На патеките ќе има и ски-лифтови, а снегот ќе го создаваат вештачки топови, изјави денес на Средно Водно, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, кој очекува ова да прерасне во современ зимски центар за скијање.

Проектот за изградба на ски-патеки на падините на Водно е вметнат во изборните програми на Град Скопје и општина Карпош, а Градот веќе има изготвено студија и објавено тендер во месец јануари, кој трае до 5 мај.

Студијата предвидува, јавен-приватен партнер да го дизајнира и финансира овој проект, да управува со него и да ја користи ски-патеката. Вредноста на инвестицијата на проектот е околу 5 милиони денари, а периодот на концесија е 25 години. Со оглед дека веќе имаме изградено жичница на овој дел од падините на Водно, очекуваме дека интересот на јавните-приватни партнери ќе биде добар и дека ќе добиеме концесионер“, рече градоначалникот Трајановски.

 

You May Also Like