Ви ја презентираме новогодишната празнична програма во градското кино Милениум. Поминете ги празничните денови со добар филм.
Хомофобичен поранешен криминалец и воен ветеран се наоѓа во ситуација да соработува со геј активистите и да ја обезбедува првата Парадата на Гордоста во својата држава.
ПАРАДА е филм кој на траги-комичен начин раскажува приказна за постојаниот судир помеѓу двата света во денешно време на овие простори, помеѓу традиционалното и хомофобично мнозинство, наспроти либералното и модерно малцинство.
Претставувајќи го невозможното пријателство меѓу Радмило и Лимун – Хомосексуалец и Хомофобик, a истовремено прикажувајќи го како метафора за возможна комуникација и разбирање помеѓу луѓето без разлика на нивната сексуална, верска и национална припадност.
Режија: Срѓан Драгојевиќ
Улоги: Никола Којо, Милош Самолов, Христина Поповиќ, Тони Михајловски
Проекции: 20:00 и 22:30 часот
АРТУР БОЖИЌ (97 мин.)
Артур Божиќ ни го открива досега не чуениот одговор на прашањето на секое дете ’Како дедо Мраз им носи поклони на сите деца во една вечер?’ Одговорот: Неверојатната, ултра модерна работилница на дедо Мраз скриена под Северниот пол. Но, приказната во филмот е за едно семејство кое е малку комично и на моменти дисфункционално, а од кое ќе се издигне херој кој никој не би го очекувал, Артур. Тој има итна и многу важна мисија која мора да биде завршена пред божиќното утро
Режија: Sarah Smith
Улоги: James McAvoy, Hugh Laurie, Jim Broadbent, Imelda Staunton, Eva Longoria
Проекции: понеделник/петок 17:30 часот
сабота/недела: 15:00 и 17:30 часот
БОЖИЌНА ДЕТСКА ФИЛМСКА НЕДЕЛА ВО „МИЛЕНИУМ“
РАБОТЕЊЕ НА КИНО МИЛЕНИУМ ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ
31.12.2011. – ПРЕТСТАВИ ОД: 11:00; 13:00 и 15:00 часот
01.01.2012. – КИНОТО НЕМА ДА РАБОТИ!!!
02.01.2012. – ПРЕТСТАВИ ОД: 11:00; 13:00; 15:00; 17:30; 20:00 и 22:30 часот
06.01.2012. – КИНОТО НЕМА ДА РАБОТИ!!!
07.01.2012. – ПРЕТСТАВИ ОД: 11:00; 13:00; 15:00; 17:30; 20:00 и 22:30 часот
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари.
Се гледаме во Градско кино МИЛЕНИУМ.