„Cinemania“ филмски фестивал во Струга

Синоќа (вторник, 21 август, 2012 година) во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, започна летниот филмски фестивал „Cinemania“.


„|Cinemania“ се одржува по петти пат и на него ќе биде прикажан циклус современи шпански филмови.Проекциите почнуваат во 21 часот на отворената Летна сцена на Центарот за култура, а влезот е слободен.
Фестивалот се организира во соработка со Кинотеката на Македонија и „Cinema cafe“ и ќе трае до 27 август.

You May Also Like