Вечер (21 мај , вторник), со почеток во 19:00 часот, на отворениот амфитеатар во рамки на Спомен куќата на Мајка Тереза ќе се одржи книжевно читање по повод Меѓународниот ден на културната разноликост според УНЕСКО.
Традиционалната свечена порака по повод Меѓународниот ден на разноликоста ќе ја испрати Линдита Кадриу
Свои текстови ќе читаат : Даниел Карески, Ѓоко Здравески, Костадин Героски,Олгица Станковска, Николина Василевска, Давор Стојановски, Ненад Јолдески, Николина Андова, Александра Спасеска, Александар Станојков, Иван Шопов, Сања Бежовска, Снежана Стојчевска, Јасмина Руневска, Иван Антоновски, Шејла Муриќ.
Книжевното читање е дел од проектот „Денови на културната разноликост 9мај – 9 јуни“, со кој Поетики- Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН и на Уредништвото на Колекцијата„ Разноликост“ ја одбележуваат десетгодишнината од основањето на „Разноликост“ – Колекцијата на поезија, фикција и есеј на Меѓунаротниот ПЕН на иницијатива на комитетот за превод и јазични права. Од 2003 година „Разноликост“ е и официјална веб-страница на КПЈП, а на последниот 77 Конгрес на Меѓународниот ПЕН кој се одржа во Јужна Кореа официјално беше прогласен за Поткомитет во рамки на Комитетот за превод и јазични права.