Илхами Емин е добитник на „Рациновото призание“

Илхами Емин е годинешниот добитник на Рациновото признание. Тој ја доби оваа книжевна награда за делото „Ѕид што си оди“ во издание на „Магор“ од Скопје, која ќе му биде доделена на јубилејната манифестација 50. „Рацинови средби“ што ќе се одржат од 11до 13 јуни во Велес.

 

Во конкуренција биле 20 дела, а во потесен избор останале три, освен добитникот и „Историјата на луѓето кои умреа од страв“ на Ермис Лафазановски и „Зад аголот“ на Томислав Османли.

Во жирито беа и Катица Ќулавкова, Ферид Мухиќ, Ресул Шабан и Христо Петрески. Добитник на почесното Рациново признание за афирмација на македонската култура надвор од границите на земјата е Романецот Јон Дејаконеску

You May Also Like