„Ќе дојдеш ли на рандеву?“ – Концерт на „Зад аголот“

Влезниците за концертот „Ќе дојдеш ли на рандеву?“ на момците од „Зад аголот“, се  пуштени во прдажба. Концертот ќе се одржи на 12. aприл во МКЦ (Денсинг сала), со почеток во 21:30 часот.

А “погоди кој е во просторијава? Темната страна кога Скопје удира!”… Да!! Како поддршка на Зад Аголот ќе настапи легендарниот Владимир Аговски – Аго, еден од основоположниците на рапот и хип-хоп културата во Македонија! Познат преку култните The Most Wanted и Темната Страна, како дел од концертот ќе го имаме човекот кој преку 20 години работи на развивање на хип хоп културата во Македонија.

Момците од Зад Аголот најавија уште еден гостин за концертот на 12ти април, Игимен, младиот македонски блузер Игор Станоевски кој меѓу другото има свирено и со славниот Грег Рајт познат како поранешен гитарист на Мајкл Џексон. Игимен се најде меѓу топ-10 артисти на „Плеј крос роудс“, еден од најголемите натпревари за рок и блуз-гитаристи, поради што тој има шанса да свири и со Ерик Kлептон во „Медисон сквер гарден“.

Зад Аголот Екипа е името на свежиот скопски хип-хоп состав кој на домашната сцена официјално се појави во 2011 година. Длабока Трага, Свп, Гочка од Римиски Масив, Контра Напад, Паки, Дј Илиќ , Dj Oky Doky, Исо и Горан Симјаноски се имињата на продуцентите, бендовите и диџеите кои стојат зад името – Зад Аголот. Минатата година екипата го промовираше својот прв албум “Чувај го вистинко волу.1.” кој од слушателите на “Балкан хип хоп” беше прогласен за најдобар македонски хип хоп албум за 2012.

You May Also Like