Изложба на тема: „Нови сведоци на Холокауст“ во хотел Молика

На падините на Пелистер, веќе две недели во хотел „Молика“, творат петнаесет уметници. Група составена од академски сликари од Скопје, Тетово, Гостивар, Струмица и Кочани, група во која се дружат и сликаат македонци, албанци, срби и турци,  а сите живеат во Македонија, создаваат дела на тема „Нови сведоци на холокаустот“.

Центарот на Холокауст на Евреите на Македонија, Еврејската заедница и Јадва Шем Музеј во Ерусалим, со преставник од Израел и раководител на групата г-ѓа Сара Ајник, ја реализираат идејата за создавање нови сведоци на холокаустот. Преку семинари, посета на Центарот на Холокауст на Еврете на Македонија, Еврејска Заедница, Синагога, посета на  еврејските гробишта во Битола, проекции на филмови за холокаустот и слушање на ладино музика, новата генерација уметници се запознава со холокаустот во Македонија, со цел ги пренесе своите сознанија на помладите генерации и да не дозволи да се повторат страдањата од минатото.

Уметниците ги пренесоа своите импресии, и само во петок 02 септември 2011 во 21:00 часот ќе направат изложба на триесетина дела во хотел „Молика“, која ќе биде отворена за сите заинтересирани посетители.

Битола е избрана поради фактот што во минатото тука исчезнале многу еврејски семејства. По отварањето на свечената изложба на 11 март 2012 во Центарот на Холокаустот во Скопје, таа ќе биде донесена во Битола, а потоа ќе оди и во другите градови низ Македонија.

You May Also Like