„13 Чуда од Македонија“ на фестивал во Италија

Македонскиот краток филм „13 Чуда од Македонија“ во продукција на „Трето уво“ од Скопје, влезе во конкуренција во официјалната програма на меѓународниот фестивал на археолошки филмови во Роверето, Италија.

13 wonders-of-macedonia

Јубилејното 25-то издание на овој светски респектиран фестивал ќе се одржи од 7 до 11 октомври во Роверето, а ќе бидат прикажани вкупно 44 филмoви од 15 земји во светот: Италија, Франција, Америка, Шпанија, Малезија. Филмот е посветен на македонската милениумската цивилизација, духовно и културно разгранетиот хоризонт на македонското постоење и ја позиционира Македонија како базична цивилизациска оска на Балканот, Медитеранот и Европа.

Во целиот пропаганден материјал, во печатените и електронските медиуми филмот и Македонија се најавувани под уставното име на државата.

„13 Чуда од Македонија“ е единствен филм од балканските земји што успеа да влезе во официјалната конкуренција на овој престижен фестивал.

You May Also Like