Антологиски избор „Панорама на современата македонска поезија“ објавен е во новиот број на списанието за литература, култура и наука „Мајдан“ кое излегува во Костолац, Србија.
Преведувач на песните на српски јазик, библиографска белешка за авторите и предговорот за зачетоците на македонската поезија од Свети Климент Охридски до денес, го подготви писателот Разме Кумбароски
Во изборот, кој е поместен во прилогот Меридијани, застапени се 18 поети. Панорамата на современата македонска поезија започнува со песната „Т`га за југ“ од Константин Миладинов, а застапени се македонските поети: Матеја Матевски, Видое Видичевски, Јован Стрезовски, Виктор Б.Шеќеровски, Васил Тоциновски, Ефтим Клетников,Санде Стојчевски, Веле Смилевски, Раде Силјан, Бранко Цветковски, Братислав Ташковски, Линда Ахмети, Славе Ѓорго Димовски, Јордан Плевнеш, Христо Петревски, Бистра Кумбароска и Весна Крстиновска.