На 7 март (четврток) на редовниот репертоар на Cineplexx ќе се најде и фантастичната авантура на Дизни, „Царството на волшебникот од Оз 3D“.
Фантастичната авантура на Дизни, „Царството на волшебникот од Оз 3D“ говори за потеклото на познатиот волшебник. Френк Баум, кој напишал 14 романи сместени во земјата Оз, кој бајковито ги создал, во ниту една приказна во потполност не за занимава со потеклото на овој волшебник. За продуцентот Џо Рот овој факт бил фасцинантен.
„Обожавам приказни кој говорат за потеклото и ми се допадна идејата да прикажеме како настанал волшебникот“, изјавува Рот.
„Ова е приказна за тоа како карневалскиот магионичар, фолирант, шарлатан и себичен човек доаѓа во овој фантастичен свет точно на време да ја спаси ситуацијата и да стане херој. Ова е приказна како еден просечен, себичен човек се претвора во најголем, несебичен волшебник,“ дополнува Сем Раими. „Филмот објаснува како сите ликови станаа тоа што се, говори за нивното потекло и ни помага да ги разбереме,“ изјавува Мила Кунис (Теодора). „Ги прикажува сите ликови со малку искреност и вистина. И додека
е смешен и трогателен , тој сепак останува веродостоен на оригиналниот концепт кој Френк Баум го создал.“