Свеченото отворање на фестивалот Скопско лето 2013 традиционално е на првиот ден од летото 21 јуни, кој воедно е и Светски ден на музиката. Оваа година манифестацијата ќе биде отворена со „Деветтата симфонија“ од Бетовен во изведба на Македонската опера и балет.
И оваа година Македонската опера и балет преку своите активности е поканета да го отвори 34 издание на фестивалот Скопско лето. Проект кој ќе соедини две земји низ звуците на познатата „Ода на радоста“.
Диригент: Шунго Моријама (Јапонија)
Солисти: Еми Хишики, сопран (Јапонија) Ирена Кавкалевска, мецо – сопран
Ѓорѓи Цуцковски, тенор Кеизуке Танака, баритон (Јапонија)
Учествуваат хорот и оркестарот на МОБ заедно со хористи гости од Јапонија.