Цар Самоил (2)

(продолжува)

Бугарските историчари Павлов, Тјутјунџиев и Пангурски велат дека ниту еден од комитопулите не посегнал по царската круна само затоа што сѐуште бил жив Борис II . По смртта на Борис како легитимен бугарски цар бил Роман, братот на Борис, а сепак Самуил го поставил Роман како управник на градот Скопје и се проглсасил за цар.

Доколку комитопулите меѓу кои и Самуил имале обѕир према Борис зошто пак Самуил не би имал обѕир према Роман и неговата царска крв ?!

Зарем еден “ Бугарин “ каков што бил Самуил ќе понижи легитимен наследник на бугарскиот престол на еден невкусен начин како што бил случајот со Роман кој со својата царска крв наместо за цар, бил поставен за управник на град, а и дали еден престолонаследник би се понижил на таков начин пред еден свој, како што велат горенаведените историчари, сонародник кој претходно не бил ништо повеќе од царски поданик ?!

Постои и една друга забелешка: ако сметаме дека Самуил бил бугарски цар можеме слободно да се запрашаме зошто Самуил делува незаинтересирано и пасивно во однос на освојувачкиот поход на Василиј II во Бугарија, во кој е освоен и градот Средец и зошто Самуил жестоко ги брани само териториите на поранешните македонски склавинии, а во однос на матичните територии на Бугарија делува незаинтересирано. Се разбира дека доколку Самуил бил етнички Бугар жестоко би ги бранел матичните територии на веќе уништеното Бугарско Царство и не би делувал пасивно кога некој би ја освојувал неговата татковина.

Друга  забелешка за тоа дали Самуил бил бугарски цар или не, е тоа што Самуил за престолнина на својата држава го избрал, најпрво градот Преспа, а потоа градот Охрид. Тука се поставува прашањето : зошто градот Преспа, а потоа и градот Охрид, зошто не бил избран градот Преслав, престолнината на Првото Бугарско Царство во која царувале сите пред него бугарски цареви ?

Во изворите пишува дека Самуил е титулиран како „цар на Бугарите“, но тоа не значи дека Самуил бил бугарски цар, туку дека тој ги владеел териториите на Првото Бугарско Царство во кое сите народи биле означувани со политичкиот термин „Бугари“, како што во границите на Византија сите народи биле означувани со политичкиот термин „Ромеи“.

Значи, доколку бугарските историчари го сметаат Самуил за бугарски цар тогаш може слободно да се каже дека последниот цар на Првото Бугарско Царство бил Иван Владислав, самуиловиот внук од брат му Арон. Но постојат уште неколку работи кои укажуваат на тоа дека Самуил не бил бугарски цар, туку дека тоа бил  Петар, односно Борис II .

Бугарскиот историчар Иван Снегаров смета дека Самуил се прогласува за цар по смртта на Роман, синот на цар Петар, а дека додека бил жив Роман Самуил се нарекувал „воен  началник- комитопул“. Зарем еден владетел, каков што бил Самуил ќе постави човек со царска крв, каков што бил Роман, за управник на град ( Роман бил управник на Скопје ) и ќе го нарекува цар, а себе ќе се нарекува „воен  началник- комитопул“ ?!

Друга забелешка е тоа што Самуил се прогласува за цар во периодот од 996- 1000 година, а колку што е познато, Роман во 1004 година го предава градот Скопје во рацете на Василиј II . Истотака доколку тогаш Роман бил цар зошто тој не соработува со Самуил за да го заштити  „своето царство“ од византискиот император, туку предавнички му го предава градот Скопје на Василиј, кој според Павлов, Тјутјунџиев и Пангурски – Скопје бил одбран за резиденција од Роман.

Зарем еден „бугарски цар“ предавнички ќе си ја предаде својата престолнина само за да му се одмазди на својот  „воен началник- комитопул“?! Од сето ова може да се донесе заклучок дека Самуил сигурно бил монарх, но не бил бугарски цар. Така што како последен бугарски цар на Првото Бугарско Царство може да се смета Петар, односно Борис II .

Што се однесува до прогласувањето на Самуил за цар можам да го истакнам следново :

Доколку Самуил бил бугарски цар зошто тој не се повикува на онаа бугарска царска круна која се наоѓала во Константинопол, туку побарал од Папата круна за да биде крунисан за цар. Како најголем доказ за тоа дали Самуил бил бугарски цар се јавува и Охридската Архиепископија. Зошто Охридската Архиепископија?

Познато е дека во составот на Самуиловата држава влегувал и Преслав, некогашната престолнина на Првото Бугарско Царство и Бугарската Патријаршија. Со оглед на тоа, зошто Самуил, кој како што вели бугарскиот историчар Иван Снегаров го создал Западното Бугарско Царство, повторно прашувам зошто не го одбрал градот Преслав за своја престолнина и таму не го обновил црковниот статус, туку за своја престолнина го одбрал прво градот Преспа, а потоа и градот Охрид каде ниту еден бугарски цар пред него не владеел ?!

Всушност, доколку Самуил бил бугарски цар тогаш тој ја урнал преславската традиција заради еден град ( Охрид ), кој немал никакви врски со бугарската традиција. Втора забелешка е тоа дека Самуил сигурно не би го негирал статусот на Патријаршија на бугарската црква со конституирање нова во лицето на Охридската Архиепископија за чиј статус одново би започнал политичка и црковна борба, особено тоа не би го направил доколку бил бугарски цар. Трета забелешка е тоа што царот Иван Асен, основоположникот на Второто Бугарско Царство, не се повикува на градот Охрид како град во кој би ја обновил Бугарската Патријаршија, туку тој за центар на Бугарската патријаршија го избира градот Трново. Тоа ни укажува дека бугарските цареви после Самуил, особено царот Иван Асен, кој бил понесен со мислата на царот Симеон да направи бугарско – византиско царство не се повикувал на Охридската Архиепископија и на нејзината црковна традиција затоа што не ја чувствувал како своја. Можеби Самуил го одбрал градот Охрид за престолнина од стратешки причини ?!

Но и ова прашање не смее да нé збуни затоа што за време на царот Симеон, Бугарија зафаќала огромна територија, а сепак престолнина бил градот Преслав. Традицијата со Охридската Архиепископија започнува со Самуил, а завршува со Иван Владислав, кои ни Самуил, ни Гаврило Радомир, ниту пак Иван Владислав биле бугарски цареви. Тие ја започнале и завршиле македонската епоха на Балканот во X и XI век.

Охридската Архиепископија не е укината по смртта на Иван Владислав, таа продолжила да постои, но наместо македонски архиепископ на чело стоел византиски архиепископ. Значи од сето ова може да се заклучи дека последен бугарски цар не бил ниту еден од македонските цареви, туку дека тоа бил Петар, односно Борис II .

Зошто Петар, а не Борис II ?

Затоа што со смртта на Петар ( 969 г.), започнува епохата на комитопулите која по смртта на самуиловите браќа, Давид, Мојсеј и Арон ќе ја продолжи Самуил и ќе биде позната како епоха на Самуиловата или Македонската држава која ќе трае сѐ до 1018 година.

Филип Вачков

You May Also Like