Деновиве почна реализицијата на Проектот: Академија Супернова – За Здрава иднина, изработен од Гешталт Здружение на Македонија – КОНТАКТ од Скопје, а е финансиран од страна на Град Скопје.

Заедничката цел на Град Скопје и Гешталт Здружение на Македонија КОНТАКТ – Скопје е да инвестираат во луѓето, во комуникацијата меѓу луѓето и во градењето здрави контакти и односи преку едуцирање, тренинг и советување. Мисијата е да се понуди квалитетна хуманистичка и интегративна програма преку професионално советување и психотерапија, односно да се поддржи растот и развојот на професионалното знаење и искуство.
Проектот ја има предвид комплексната средина во којашто растат и се развиваат тинејџерите во Македонија, и притоа основна цел е да обезбеди помош и поддршка за здрав личен и емоционален раст и развој.
Воведно предавање ќе се одржи на 20 септември 2012 година (четврток), од 12:00 до 13:30 часот, во просториите на средното училиште „Орце Николов“, каде што може да присуствуваат сите заинтересирани психолози, педагози и наставници. Пријавувањето за предавањата што ќе се одржат во октомври и во декември, ќе трае од 20 до 27 септември. Првото предавање се очекува да се одржи на 4 октомври, четврток, од 8 до 16 часот, на локација којашто ќе биде дополнително договорена.