Утре (вторник 13 мај) со почеток во 12:00 часот во Спомен куќата на Мајка Тереза на македонски јазик ќе биде претставена книгата на авторот Ерик Метаксас „Милост Божја чудесна: Вилијам Вилберфорс и херојската борба за укинување на ропството“.
Ова дело е биографија на Вилијам Вилберфорс, кој од втората половина на 18-от век до почетокот на 19-от век како член на британскиот парламент минал четириесет години неуморно работејќи на законското укинување на трговијата со робови и конечно на укинувањето на самото ропство.
Книгата јасно, интересно и аргументирано го прикажува животот на Вилберфорс кој врз основа на неговата христијанска вера се залагал за подобар и поправеден свет при што не го жалел своето здравје, богатство и време неуморно борејќи се за правото на слобода и благосостојба на робовите но и на сиромашните работнички класи.
Не пропуштајте ја оваа шанса да се сретнете со Ерик Метаксас кој е наградуван автор на повеќе од триесет книги и чија книга за животот и делото на Вилијам Вилберфорс се смета за една од најдобрите биографии кога и да е напишана.
Ерик е еден од најбараните културни коментатори во САД чии изјави се емитуваат на CNN, MSNBC и Fox News Channel. Меѓу неговите бројни публикации, се вбројуваат и бестселерите на New York Times, Милост Божја Чудесна: Вилијам Вилберфорс и херојската борба за укинување на ропството и Бонхофер: пастор, маченик, пророк, шпион.
Метаксас бил главниот говорник на Националниот Молитвен Појадок во 2012 во Вашингтон ДЦ- настан на кој присуствуваат Претседателот на САД заедно со првата дама, заменик претседателот, членови на Конгресот и лидери од целиот свет. Во 2013 година тој е поканет да биде главен говорник на Националниот Молитвен Појадок во Отава, Канада.
Не пропуштајте ја оваа единствена прилика да слушнете говорник од светски калибар за херојски потфат што нè инспирира до денес, но и нè предизвикува на таков храбар и пожртвуван начин да се соочиме со општествените зла на нашето време.