Oпштина Битола денеска го објави конкурсот за доделување на највиското општинско признание наградата „4-ти Ноември“ за 2014 година.
Наградата „4-ти Ноември“ се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат посебен придонес во развојот на општината. Од општина Битола информираат дека наградата се доделува во две категории, односно награда за едногодишни постигнувања, и награда за животно дело која претставува заокружена, континуирана творечка целина. Конкурсот за доделување на највисокото општинско признание – наградата „4-ти Ноември“ е отворен до 1. октомври, а врачувањето и промоцијата на наградените ќе се одвива на свечена академија која традиционално се организира на 4-ти ноември – Денот на ослободувањето на Битола.