Охрид во минатото претставен со изложба на фотографии

По повод 67 години слободен Охрид здружението „АРТерија“ во соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“ организираат изложба на фотографии .

Преку 20 учесници од Охрид, Битола и Скопје ќе  прикажат како денес го гледаат Охрид низ својот објектив. Малку постарите пак, со фотографии на стар Охрид од Владо Жура и фамилијата Групче ќе ни го покажат Охрид каков што ние не го знаеме.

За истата цел ќе биде прикажан проектот на Оливера Мишева (етнолог) „Старата охридска чаршија и старите занаети некогаш и денес“- низ фотографии.

You May Also Like