Продуцент на песната е Гоце Симоноски односно „главниот виновник“ за тоа што звучат посебно и „Африка“ и „На лута рана“.
Видео записот за „Ти треба некој“ ќе ја доживее својата премира за неколку дена на регионалната MTV Адриа, а македонската верзија ќе биде пуштена во етер за една недела.
„Ти треба некој“ е веќе препеан на српски и хрватски, а Суперхикс апелираат до фановите да бидат стрпливи и да не аплоудираат аудио верзија на youtube. Да го почекаме сите заедно официјалното видео!