Како и претходните две години и годинава Филмскиот фонд на Р.М. ќе се престави на филмскиот маркет од 16-25 мај, во склоп на 65-то издание на Канскиот филмски фестивал (16-27 Мај).
Нашиот штанд ќе е во склоп на павилjoнот на Југоисточна Европа, заедно со Словениjа, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Србија и Црна Гора. Павилјонот на Југоисточна Европа е со внатрешен простор од 100 метри квадратни и тераса од 100 метри квадратни каде ќе се презентираат филмовите од регионот и ќе биде место за средби.
Филмскиот фонд во соработка со продуцентиските куќи организира промоција и прикажување на филмовите „Жената што си ги избриша солзите“ во режија на Теона Стругар Митевска на 19 мај, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски на 20 мај и „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски на 21 мај.
Роберт Насков како продуцент на филмовите „Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“ ќе бие претставен во склоп на Producers on the move 2012 во организација на European Film Promotion како претставник од Македонија со уште 24 продуценти, претставници од другите земји членки на мрежата.
Филмскиот фонд и годинава, покрај промоцијата на филмовите ќе посвети посебно внимание на промоција на Македонија како дестинација за снимање на филмови како држава во која се плаќаат најниски персонални даноци, со посебни поволности за авторските професии.