Ова е прва самостојна изложба на Трајковски во Прилеп, кој годинава учествуваше на ликовната колонија Дрен 2014 , што ја организира Прилепскиот дом на културата.
„Божествена љубов“ е тематската изложба на слики од Новица Трајковски, што ќе биде отворена во понеделник, 3 ноември во 18:30 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, по повод трети ноември, денот на градот.
Новица Трајковски е роден 1962 година во Илинден Скопје. Средно уметничко и ФЛУ завршува во Скопје во класата на професорите Родољуб Анастасов и Димитар Кондовски . Има реализирано над 40 самостојни изложби и многу групни . Учествува и на многу колонии . Член на ДЛУМ.
„Сликарството на Новица Трајковски е типична автобиографска исповед на стварното во егзистенцијалниот пат на уметникот, и затоа неговото сликарство е средба на реалноста и соништата кои уметникот ги доживеал. Поентата која е заедничка за неговиот речиси тридецениски опус е во тоа дека животот никогаш не е напуштен ниту како астрална врска ниту како очовечена – индивидуална надсвест“ – вели Љубен Пауновски.