„Тајниот живот на куќните помошнички“ во Градско кино Милениум

Вчера вечер (петок, 17.02.2012 година), во Градското кино Милениум, со почеток во 20:00 часот, почна да се прикажува американската филмска драма „Тајниот живот на куќните помошнички“ (“The Help”). Филмот е во режија на Тејт Тејлор, а главните улоги ги толкуваат: Ема Стоун, Виола Дејвис и Октавиа Спенсер.

Скитер (Стоун) е девојка од Југот којашто се враќа по завшениот факултет, одлучна да стане писателка. Животите на своите пријатели и животот во малиот Мисисипи ги превртува наопаку, кога одлучува да ги интервјуира црните жени коишто своите животи ги минале грижејќи се за истакнатите семејства од Југот. Ејбилин (Дејвис) и е најдобрата пријателка, домаќинка, којашто, во тесно поврзаната црнечка заедница, се осмелила да проговори прва. Иако нивното долгогодишно пријателство виси во воздух, таа и Ејбилин продолжуваат со соработката на интервјуто, а наскоро доѓаат и други сожителки кои се подготвени да ги раскажат своите приказни…

Во Градското кино Милениум, од понеделник до недела: во термините од 17:30 и 22:30 часот, продолжува да се прикажува филмот „Најмрачниот час“ (“Darkest Hour”) во 3-Д продукција. Филмот е научна фантастика, акција, хорор, во режија на Крис Горак, а улогите ги толкуваат Емил Хирш, Оливија Тирлби, Макс Мингела и Рејчел Тејлор.

Сиот свет одненадеж останува без електрична енергија и настанува глобален хаос. Зад катастрофата стои непознат вонземски вид, што има контрола врз електричните мрежи. Во Москва, група млади луѓе успеваат да се скријат и да ги преживеат нападите. По неколку дена кога излегуваат во реалноста, откриваат пуст град во кој опасноста и понатаму демнее. Препуштени сами на себе, ќе се обидат да преживеат…

Американскиот 103 минутен филм, жанровски сместен во фамилијарна комедија, насловен како „Мапетите“ („The Muppets“), во режија на James Bobin, со Jason Segel, Amy Adams, Chris Cooper,Rashida Jones, Zach Galifianakis, Ken Jeong, Alan Arkin, Bill Cobbs во главните улоги, на репертоарот на Градското кино Милениум е од понеделник до петок во термините од 13 и 15 часот, а во сабота и недела, матине проекциите на овој филм се закажани за 11; 13 и 15 часот.

Главните ликови на оваа нова авантура се Гери, Мери и Валтер, кои ќе мораат да ја соберат старата дружина на Мапетите , сега веќе пензионирани, за да го спасат телевизиското студио во кое некогаш се снимаше нивното шоу.Главниот негативец е Текс Ричмен којшто сака да го уништи студиото, бидејќи под него се наоѓа големо наоѓалиште на нафта. Единствен услов за да се спречи Тексовото преземање на студиото е да се организира шоу за десет милиони гледачи. Ќе успеат ли Мапетите?!?!

Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари за филм, а за 3-Д проекциите цената е 200 денари.

You May Also Like