„Стринг форсес“ и изложба на Ване Костуранов ја отвораат „УГД сцена“

Културната манифестација „УГД сцена“ по вторпат ќе се организира во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.Во периодот од 22 ноември до 13 декември Мултимедијалниот центар на УГД ќе понуди најразлични културни содржини – театарски, музички и ликовни.

Преку „УГД сцена“, Универзитетот „Гоце Делчев“ ја потврдува својата позиција како високообразовна институција која се грижи за квалитетот на студентскиот живот, академската заедница и пошироката јавност, нудејќи програми и содржини со високи естетски и културни вредности.

Под слоганот „Пронајди го својот круг“ и годинава ќе се обидеме да ви подготвиме возбудливи културни и уметнички доживувања.
„УГД СЦЕНА“ е нашето место каде што еден месец ќе се живее во името на театарот, музиката, ликовната уметност.
Накусо, „УГД сцена“ е нашиот и вашиот круг. Место создадено од уметноста за уметноста.

You May Also Like