Театарот „Војдан Чернодрински“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“од Прилеп, ја подготвува претставта „Сонот на Цепенков“ во режија на Кирил Петрески. Премиерата е предвидена за крај на годината.
Режисерот Петрески ја подготви адаптацијата и даматизацијата на текстот на Цепенков, а во претставата играат: Игор Трпески, Зоран Ивановски, Никола Настоски, Димитар Црцороски, Марија Илијеска и др.
Сценографијата е на Зоран Николоски, костимите се на Даниела Настоска, а за музиката е задолжена групата Чалгија Саунд Систем.
„Сонот на Цепенков“ е петта претстава што Центарот „Марко Цепенков“ од Прилеп ја реализира оваа година.