„Смрт во Бреслау“ од Марек Крајевски на македонски

Бестселерот „Смрт во Бреслау“ од Марек Крајевски, за читателската публика за првпат со превод и на македонски јазик.

Вроцлав, мај 1933 година. Потресно злосторство. Масакрирани тела на две жени. Таинствен натпис напишан со крвта на жртвите. И насекаде скорпии. Идеален случај за Еберхард Мок.

Во мрачниот Вроцлав, каде што во секој сокак злосторниците и убијците ја чекаат својата жртва, владее насилство и корупција. Угледници на високи функции се оддаваат на комар и разврат, поткупливата полиција се бори за власт. Во градот заразен со хитлеровската доктрина, еден комесар ужива во доста нетипична разонода. Игра шах (според свои правила) со прекрасни разголени девојки. Тоа е Мок, којшто од домот на раскошот може да го извлече само наредно злосторство.

You May Also Like