Во киното Синеплекс од вчера (1 мај, четврток) се прикажува акциониот трилер “Брик меншенс” со актерот Пол Вокер.
Во имагинарниот Детроит напуштените домови од старите добри времиња денес се домови на најопасните криминалци во градот. Сиви, апокалиптични згради познати под името Брик меншенс се наменети да го заштитат остатокот од градот од насилните криминалци.
Режисер е Камиј Деламар, а режисерот Лик Бесон го напишал сценариото.
Во “Синеплекс” се прикажуваат и “Нид фор спид”, филм базиран на истоимената видео игра, трилерот “Крвни врски” со Клајв Овен, Марион Котијар, Мила Кунис, Зое Салдана, Џејмс Кан, како и комедијата “Кога љубовта ќе удри в глава”.