На 8 јануари 2013 година во „Универзалната сала-Скопје“ ќе може да присуствувате на гламурозниот „Божиќен концерт“ на камерниот оркестар „Скопски солисти“ и нивните реномирани гости од странство.
Ова реномирано збиднување од областа на класичната музика ќе се одржи на 08.01.2013 година ( вторник) во Универзална сала-Скопје со почеток во 20:00 часот.
Покрај домаќините, камерниот оркестар „Скопски солисти“ на сцената на Универзална сала ќе се претстават уште неколку реномирани имиња, меѓу кои познатиот и признат светски , а наш тенор Благој Нацоски кој веќе десет години ги освојува најпрестижните оперски сцени и е најафирмираниот македонски оперски пејач на во светот.
Заедно со Нацоски посетителите на Божиќниот концерт ќе можат да ги слушнат и изведбите на еден од најдобрите светски сопрани од поновата генерација, Италијанката Марчела Орсати Таламанка, која во последнава деценија буквално царува на најпознатите оперски сцени во Италија, Франција, Швајцарија, Германија… со своите маестрални изведби на најпознатите улоги на најпрестижните оперски дела.
Диригентската палка на годишниот Божиќен концерт му е доверена на маестро Алесандро Д’ Агостини од Италија, кој покрај оперските продукции диригира и бројни симфониски концерти со бројни оркестри ширум Европа, а на македонската јавност и е познат и како редовен гостин на сцената на Македонската Опера и Балет каде диригирал неколку познати оперски дела како: Тоска, Турандот, Аида, Севиљски берберин, Кармина Бурана и Јубилејниот балетски цонцерт во 2010.
На концертот ќе бидат изведени одбрани дела на најголемите светски композитори како: Georges Bizet, Ottorino Respighi, Georg Friedrich Händel Jr., Wolfgang Amadeus Mozart, Franz Peter Schubert, Adolphe Adam, Franz Xaver Gruber…
Влезниците се во продажба и можат да се набават на билетарницата на Универзална сала, Југотон рекордс Г.Т.Ц. или на www.mktickets.mk по цена од 500,00 денари.