La Colonie Volvox со спот за песната “Fin Amor”

„La Colonie Volvox“ го објави новиот спот за песната „Фин Амор“ од албумот „АЕИОУ“, кој излезе во септември 2012 година во издание на  „Егоист Рекордс“ од Скопје. Спотот го изработи продуцентската куќа „Community Pictures“ и’ е авторско дело на Дарко Антоновски.

photo by maja argakijeva
photo by maja argakijeva

Од пред два дена е објавен на youtube, а прва телевизиска промоција ќе има на 4 април во емисијата „Еден на Еден“ на ТВ Алфа.

Музиката е на Сашо Гигов – Гиш и Предраг Икономовски, а стихивите се на окситански јазик и се дел од поемата „Ескотаз (Послушајте)“ на трубадурскиот поет Маркабру од 12-тиот век. „Фин Амор“ е првиот сингл од албумот „АЕИОУ“, кој е акустично патување низ медитеранските музички и поетски традиции, блискоисточното наследство и рокенрол културата, втопени во македонскиот музички сензибилитет. Песните на албумот се испеани на осум различни јазици.

Промоцијата на видео спотот воедно претставува и најава за промотивниот концерт, кој групата ќе го има во Скопје во средината на април.

You May Also Like