„Приказни од ходникот“ со едукативна порака

Синоќа (среда, 13 март) во МКЦ во Скопје премиерно беше изведена претставата „Приказни од ходникот“ која театарот „Сенки и облаци“ ја работеше со поддршка на MTV Staying alive Foundation.

Театарот „Сенки и облаци” од Скопје заедно со 15 млади креативци минатиов месец успеаа да ги разоткријат тајните и митовите за сексуалното и репродуктивно здравје кај младите. Преку креативна алатка -театар на сенки, создадоа приказни кои ќе ги едуцираат нивните врсници.

Претставата “Приказни од ходникот” на забавен начин ќе ја зголеми свеста кај младите за начините на пренесување на ХИВ/СИДА,  сексуално преносливите болести и правилна заштита од истите. Од претставата ќе биде изработено видео кое фондацијата “MTV staying alive”ке го дистрибуира преку својата мрежа за едукација на младите ширум светот.

Проектот е во соработка со фондацијата “MTV staying alive” и поддржан од Младинскиот културен центар- МКЦ/Скопје, Здружението Х.Е.Р.А и мрежата на НВО и Y-PEER Македонија.

Репризата на претставата ќе се одигра на 28 март. Во месец Април ќе биде прикажана и во Кавадарци, Тетово, Велес и Куманово.

You May Also Like