Денеска (вторник, 25 март) во 21:00 часот во новата галерија Serious Interests Agency – SIA ( Ѓорѓи Пешков 6 / прв кат) ќе биде отворна изложбата „Постконцептуални контемплации“ на групата ОПА.
Инаугурацијата на галеријата на Serious Interests Agency (SIA) во Скопје, се совпаѓа со изложбата на нови дела од групата ОПА, повлекувајќи одредена перспектива на тековниот уметнички систем и културната сцена во Македонија.
Уметничка група ОПА е избрана за отворање на галеријата на SIA со нивниот нов проект OPA Professional – што на прв поглед може да се чини како необична одлука. OPA Professional е насловот на новата серија на проекти кои ОПА работи, а кои се чини дека припаѓаат во рамките на традицијата на убавите уметности (Beaux Arts). Со овој метод на работа ОПА се оддалечуваат од делата со кои сме навикнати да ги видиме и кои се повеќе контекстуални, site-specific, перформативни и концептуални, со силно чувство на слоевитост, критичност, аспект на цинизам или „стратегија на игра“.
Во минатото, Опа го дематеријализираа уметничкото дело (Објавата, 2011 ; Ташаци, 2009) и дури се трансформираа себеси во специфичен сервис (Professional Site-Specific Installers, 2004), но тие никогаш порано не започнале да создаваат, ниту извеле дела кои би можеле да бидат оценети со способноста на уметникот да примени академски вештини и визуелни, естетски вредности. На прв поглед, OPA Professional, во однос на неговиот методолошки и визуелен пристап, нема поврзаност со другите проекти на Опа; меѓутоа, контекстуално, оваа изложба ги одразува сегашните услови во системот на македонската уметност и општеството во целина – „познат терен“ за ОПА и соодветна платформа за започнување на проектите на SIA.
Во актуелните дела на помладите генерации македонски уметници е очигледно е враќањето кон убавината, формализмот и визуелната привлечност. Во овие дела од помладата генерација македонски уметници, има малку, или воопшто нема, директна (или дури и скриена) критика на уметноста како систем. Не постои критика на позицијата на авторитетот, елитизмот или конформизмот, ниту пак постои сериозен ангажман за општествените или политичките прашања, кои инаку се карактеристика на делата на претходните генерации на уметници – генерацијата на која и припаѓа ОПА. Оваа промена во сфаќањето и создавањето на визуелна уметност е карактеристика на поновата македонска уметност, но овој пристап се протега и надвор од границите и на него може да се гледа како на актуелна меѓународна „мода“ во современата уметност.
OPA Professional хипотетички претставува „повлекување“ од позицијата на ОПА како концептуални уметници, со цел да се усогласат со современите канони во општеството… сепак ова се чини како единствена рамка во која уметниците во Македонија можат да работат денес.
Уметници: исчекувајте го со загриженост она што ќе го видите на оваа изложба. Премногу е лесно и опасно да стапнете на „безбедното тло“ на размислувањето во врска со создавањето „убавата“ уметност и да се заробите во тој најлажен и најпогрешен пристап во проценката на визуелната уметност – оценување на уметничкото дело во согласност со уметничкиот метод на (физичко) создавање на делото.
Целосниот текст можете да го најдете во каталогот или на следниве линкови:
http://seriousinterestsagency.com/opa-professional/ (Англиски)
http://seriousinterestsagency.com/opa-professional-2/ (Македонски)
.
OPA Professional e проект на групата ОПА (Опсесивно посесивна агресија), која работи на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА ги преиспитува културните и секојдневните состојби, однесувањето и социјалните навики во одредена средина, во променливите социјални и политички услови.
Формирана е во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (*1971, Скопје). Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. ОПА, до сега, има самостојно изложувано во Македонија, Естонија, Словенија, Хрватска, Франција, Германија, САД и Холандија. Има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали како Трансмедиале, Берлин; Трансеуропа – Европски театарски и перформанс фестивал, Хилдесхајм; Freewaves – Биенале на нови медиуми, Лос Анџелес; Биенале на современи уметности, Москва; итн. Има остварено резиденцијални престои во Франција, Естонија,