Утре (сабота, 1 септември, 2012) во Клубот Сектор 909, гостува детроитскиот диџеј и продуцент Mark Flash.
Mark Flash е член на познатиот детриотски техно состав Underground Resistance. Заедно настапува како диџеј на бендот, а како продуцент своите изданија ги објавува токму за оваа куќа. Покрај диџејските квалитети тој е клавијатурист и перкусионист и настапува како дел од бендот Los Hermanos. Неговиот диџејски стил е е сублимат од гласни фанки techno и house звуци.
На забавата како домашна подршка ќе настапи Маци, а стартот е на полноќ.