Вечер (10 јуни 2013 година, понеделник), на малата сцена на Македонската опера и балет, во 20:00 часот, со завршна Манифестација, младите учесници на театарските и филмски работилници ќе имаат можност да ја промовираат својата досегашна работа во рамки на проектот „Откриваме,градиме, заедно сме“.
Во рамки на проектот се спроведуваа креативни работилници во доменот на театарот и филмот во соработка со Средните училишта на Град Скопје: „Никола Карев“; „Зеф Љуш Марку“ и „Здравко Цветковски“, а во партнерство со МОБ и НВО Порта.
Во рамки на промоцијата на резултатите од проектот, во 20:00 часот ќе се проектираат кратките филмови што произлегоа од проектот, а во 20:15 часот ќе се одигра музичката претстава „Градот убав“.