„Основни бои“ на Бела ноќ

В сабота, (06 октомври, 2012 година), во рамки на БЕЛА НОЌ 2012, ќе се реализира целовечерен мултимедијален настан под име „Основни бои“ (PRIMARY COLORS).

Светот е заситен со боја, од меки нијанси, до најтемните дамки. Како нешто толку нематеријално прави таков висцерален удар врз нас? Одговорот на овие прашања го бара „Основни бои“,  мултимедијално случување кое ќе се одвива долж улицата Шарпланинска во Старата Скопска Чаршија.

 

Посетителите ќе имаат можност да одат на т.н. хроматско патување низ оваа улица, преку фотографии на македонскиот мултимедијален уметник Бојан Кртолица кои се направени во периодот од 2005 до 2012 година, на неговите патувања низ светот. На улицата дополнително ќе се интервенира со светлосни ефекти и сценографија, за да се потенцира идејата на изложбена галерија под отворено небо.

За музичкиот дел ќе бидат одговорни македонските диџеи Дарко Јорданов и Ивана Драгшиќ.
Концептот и дизајнот на настанот се на Ива Галевска (дизајнерка) и BAIKA (студио за визуелни комуникации) од Скопје.

Настанот започнува во 22 часот и ќе трае до 04 часот.

You May Also Like