„Овде и таму“ во Кино Фросина

Пост фестивалски, со редовна филмска програма во кино Фросина.  Веќе од понеделникот (28.11.2011) на програмата е филмот „Состојба на шок“ на словенечкиот режисер Андреј Кошак, со Никола Којо во главната улога, а од вчера (29.11. 2011) на репертоарот е и’ филмот на Дарко Лунгулов „Овде и таму“ со Дејвид Тортон и Мирјана Карановиќ во главните улоги. Филмот ќе се прикажува од 29ти ноември до  4ти декември со почеток во 18:00 часот.

Кратка содржина:

Роберт, средновечен човек од Њујорк кој е останат без пари и во депресивна состојба, е избркан од неговиот стан. Тој го вработува Бранко, млад иммигрант од Србија кој помага на луѓе при селидби со неговиот камион, да му помогне да се исели од неговиот стан. Бранко сака неговата девојка Ивана, која живее во Србија, да му се придружи во САД и да живее со него, но невозможно е Ивана да извади виза. Бранко му предлага на Роберт договор: тој ќе му ги покрие патните трошоци да оди во Србија и да се ожени со Ивана, а со тоа таа би добила Вереничка виза за влез во САД. Роберт, кој е очаен за пари, се сложува.

Додека чека во Србија Бранко да му прати пари, Роберт престојува во станот на Бранка, мајката од Роберт. Тој не го открива планот за брак на Олга, тој едноставно е преставен како добар пријател на Бранко од Њујорк. Роберт се чуствува како “риба исфрлена од вода” и станува циничен и далечен, додека Олга се труди да му угоди во духот на балканската традиција. Во меѓувреме во Њујорк, додека Бранко се труди да ги зароботи и останатиот дел од парите, неговиот камион е украден…

Филмот „Овде и таму“ се прикажува од 18:00, а филмот „Состојба на шок“ е на репертоар од 20:00 часот. Влезница чини симболични 60 денари. Повелете на европски филм!

You May Also Like