Свечено отворање на новата зграда на Велешкиот театар

Примопредавање на новата театарска зграда на Велешкиот театар, утре во 12:00 часот во Велес …

teatar veles 3

Во Велес, утре (четврток, 26.6.2014 година) во 12 часот свечено ќе биде примопредадена новата театарска зграда на националната установа „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, инвестиција која беше предвидена во програмата на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура.

Историјатот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ заокружува период од 66 години театарска дејност во Велес, чии први нишки беа повлечени уште во 1874 година, кога била одиграна првата театарска претстава со која актерите, локалните учители и ентузијасти го промовирале Велес како културен центар.

Новиот театар во Велес значи продолжување на успешната театарска традиција на овој град и подигнување на стандардите на театарската дејност, но овојпат во еден репрезентативен театарски објект со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси.teatar veles 2

Новиот театарски објект е изграден на површина од 4.200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители, како и мала сцена со можност да прими од 50 до 110 посетители. Основниот сценски простор од големата сцена е од модуларен тип со три оркестарски и осум сценски платформи кои овозможуваат лесна, брза, безбедна трансформација и конфигурација на основниот сценски простор. Технолошки гледано објектот располага со опрема и уреди, аудио и видео системи од врвни светски производители, со можност за презентација на театарски дела со ефект и квалитет како во најсовремените театри во Европа и светот, со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од било која светска продукција.

Исто така, потенцираме дека во тек и конкурсот за избор на драмски текст кој до крајот на годината, премиерно ќе биде изведен на сцената на новиот велешки театар. Конкурсот на кој авторите може да пријавуваат свои драмски текстови пишувани на македонски јазик, досега необјавени и неизведени, трае до 20 август, а резултатите ќе бидат објавени на 5 септември годинава.

You May Also Like