Точно 3 години по првиот соло албум „Слаткаристика Будало“, Марко Маринковиќ – Слаткаристика го најавува својот нов албум со наслов „Новиот албум“.
Kако и претходниот албум, и овој во продажба ќе излезе повторно на 25-ти мај. „Новиот албум“ содржи меѓудругото и 16 нови песни, досега неслушнати. Сите се изработени докажани, но и млади, надежни продуценти со свои различни стилови, а од текстовите може да се очекува единствениот ракопис на Слаткаристика.
Официјалната промоција на „Новиот албум“ ќе се случи на почеток на месец јуни, а во текот на овој месец ќе биде пуштен и сингл со свој видео запис кој ќе го најави излегувањето на албумот. Синглот под наслов “Олабави ме!” Слаткаристика го работеше заедно со Стефан- Че и Јован Јованов, а приказната која визуелно ја долови Огнен Шапковски.
Видеото се снимаше минатата недела на две локации – Кино Фросина(МКЦ) и Сити Хол, а официјално во етер ќе излезе за неколку дена. „Новиот албум“ е во издание на Иноватива и Јованов рекордс.
Наскоро Марко кој во 2009 година направи вистинска хип-хоп револуција, ќе добие и своја официјална страница www.slatkaristika.mk.