Поради зголемениот интерес за театарска претстава „Ни ваму, ни таму“, истата репризно ќе се прикажува на репертоарот во Центарот за култура, на 12 ноември 2011 година (сабота) со почеток од 18:00 часот, и 20:00 часот.
„Ни ваму, ни таму“ на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа е современа приказна за една вечна македонска тема – македонското печалбарство.
„Ни ваму, ни таму“ претсавува еден поинаков, посвеж и многу подуховит осврт на истиот проблем – да се оди НАДВОР или да се врати ДОМА?
Играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа и Стрезо Стаматовски/Никола Кумев
НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид (Мала сала), а цената на билетот е 100 денари.