„Недела против гладта“ во Македонија

„Банката за храна Македонија“ заедно со своите партнер организации “ Уметност на живеење Македонија“, “СУНА Македонија“, “Арт Лaјф“, “Здружение на жени Струмица“ и “Младинска Алијанса -Тетово“, Ве покануваат да учествувате во „Неделата против гладта“ која што ке се одржи во Скопје, Штип и Струмица, по повод 16 Октомври Светскиот Ден на Гладта!

Бидејќи исхраната директно влијае на психофизичките способности кај луѓето, неухранетоста долгорочно може да доведе до несогледиви последици по здравјето на луѓето од тука произлегува дека храната е од витално значење за сите.

Многу проекти и акции се занимаваат со едукација, одржлив развој, човекови права, итн. Но, без основата, надградбата не е можна. Храната како есенцијална потреба е универзално добро на кое сите граѓани  полагаат право. Храната е неопходна како воздухот – храната е живот!

Сепак во ова време на сиромаштија и социјална исклученост – нашето мото и став е дека гладта е најтежок облик на сиромаштија!

„Неделата против гладта“ е време за акција со цел сите ние да се вклучиме и им понудиме помош во форма на храна на сиромашните и социјално загрозени граѓани. Вашата хуманост и помош – донациите можете да ги реализирате во следните термини и на следните места во Скопје, Штип и Струмица;

Во Струмица

– 14.10.2012 (недела – пред Домот на Армијата – АРМ во време од 10:00 до 13:00 часот

Значајна помош за оваа акција пристигна од КЈУБИ Фондацијата од Англија – преку КЈУБИ Македонија чии вработени активно – волонтерски се вклучија во собирање, препакување и дистрибуција на собраната храна.

Локалната самоуправа на Општина Струмица се постојани поддржувачи на хуманитарните акции кои се реализираат во Струмица и околината, преку Локалната организација Банка за храна Македонија – Струмица.

Во Скопје

– 20. и 21,10.2012 ( сабота и недела) – пред Универзална сала и слаткарницата Малага (кај Беко полициска станица во Центар) во време од 11:00 до 15:00 часот.

Во рамки на акцијата „Неделата против“ – козметички салон од Скопје ЕНЕРГИ СТУДИО искажа желба за активна помош и отвори пункт за собирање на средства и храна во текот на цела недела од 15.10. до 21.10.2012 (понеделник до недела) во време од 10:00 до 19:00 часот. (контакт лице Даниела Бошкова – 075/ 303 430 , на улица Фрањо Клуз 2/1-4 во близина на ОУ Блаже Коневски – Аеродром).

Во Штип

– 20. и 21,10.2012 ( сабота и недела) – во Паркот на Уметност на живеењето ( позади Хотел ОАЗА Штип)  во време од 11:00 до 15:00 часот

Што уште може да направите во „Неделата против гладта“?

– Приготви храна за некое бездомно или гладно лице,
– Биди општествено корисен и одговорен,
– Волонтирај,

Храната ќе се подели на бројни сиромашни семејства и загрозени граѓани во населените места како и на организации кои работат со стари и изнемоштени лица како и лица со хендикеп.

Дистрибуцијата на храната ќе се изврши – дел на 16 октомври, а останатиот дел во текот на истиот месец октомври.

You May Also Like